ВИДЕО: Барањето евтина алтернатива за греење може да чини скапо

2 mins read

Економската криза, неизвесноста со цената на електричната енергија, почетокот на грејната сезона ги фати неподготвени граѓаните кога е во прашање загревањето на станбените објекти.

Голем број од нив изминатите години инвестираа во инвертер клими како замена за печките на цврсто гориво, стимулирани од еколошките програми на државата, но новонастанатата ситуација со право ги натера да размислуваат на алтернативни начини на загревање на домовите.

Кој успеа да обезбеди огревно дрво на време добро, но останатите брзајќи по итно решение се одлучуваат да купат печки на плин како поевтина алтернатива.

Граѓаните се решаваат за греење на плин, но тоа може да биде и опасно. Ако е ова наш избор за греење за тоа на што треба да се внимава разговаравме со Владимир Симоновски, командант на БППЗ на Град Скопје.

-Не се само дека плинските уреди предизвикуваат опасност. Тука се и неисчистените оџаци за што потсетуваме секоја година. За плинските уреди треба да се внимава да се купуваат од сертифицирани продавачи кои ги почитуваат стандардите, вели Симоновски.

Упатство за употреба, каде се производени и кој гарантира дека уредот е исправен се начините да препознаеме дека уредите ги задоволнуваат стандардите, овластените дистрибутери даваат гаранција за своите производи.

Истиот проблем е и со продолжните кабли купени од пазар кои можат да предизвикаат пожари со големи материјални штети.

-Неиспитано грејно тело, без соодветни упатства е потенцијална опасност, вели Симоновски  и додава дека и обично искрење на кој било уред во просторијата може да предизвика експлозија и потсетува дека стегите и вентилите на контејнерите за плин мора да се исправни.

Симоновски потсетува да се исчистат оџаците ако подолго не се користени оти времето сѐ уште не е толку студено за да не може да се прекине загревањето на еден ден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Си: Кина е подготвена да соработува со САД за надминување на разликите

Следно

Дневен хороскоп за 10 ноември: Оставете впечаток и бидете забележителни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian