Ѕвезда на Бундеслигата објасни како пропаѓаат талентите во Реал: Младите носат торби од 500 евра

1 min read

Австрискиот репрезентативец и актуелен фудбалер на Фрајбург, Филип Лајнхард кој помина четири години во Реал Мадрид проговори за своето искуство во „кралскиот клуб“и објасни зошто пропаѓаат талентите во  овој клуб.

Лајнхарт четири години помина во Реал Мадрид, односно во јуниорскиот и во вториот тим на „кралскиот клуб“, а одигра и еден натпревар за првиот тим. Во Реал Мадрид пристигна во 2014 година од Рапид Виена како голем талент на европскиот фудбал.

Сега Лајнхарт во интервју за Трансфермаркт, ги раскажа своите искуства од Мадрид и објасни зошто големите таленти пропаѓаат во „кралскиот“ клуб.

– Се изненадив кога видов играчи од екипата до 17 години на Реал како одат со несесери од 500 евра. Мислам дека не е добро кога младите играчи заработуваат многу пари бидејќи лесно може да го загубат фокусот на тоа што им е најважно во нивната кариера. На тој начин многу таленти пропаѓаат – вели 25-годишниот австриски репрезентативец.

Лајнхарт сезонава одигра 11 натпревари за Фрајбург во Бундеслигата и постигна два гола. Трансфермаркт го проценува  на 14 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети е оптимист дека владата нема да падне: Мнозинството е кај прогресивните сили

Следно

ВИДЕО | Романтично запросување на македонски, а светски начин: Милена заплака од среќа, ама и вие ептен ќе се разнежните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian