Убедлив триумф на МЗТ Скопје во македонската пресметка во АБА2 лигата

1 min read

Македонското дерби во АБА2 лигата му припадна на МЗТ Скопје кој со 80:64 го совлада Пелистер кој е дебитант во регионалното натпреварување.

Првата четвртина им припадна на битолчани со 18:26, но во вторите десет минути, „металците“ одиграа неверојатно и ги решија дилемите околу победникот.

„Металците“ направија серија од неверојатни 20:0 и поведоа со 38:26 и на одмор заминаа со 51:38.
Во второто полувреме, кошаркарите на МЗТ Скопје рутински го контролираа резултатот и во само еден момент му дозволија на противникот да има едноцифрена негатива (60:52).

Но, со четири поени по ред, играчите на МЗТ Скопје одново имаше комотна предност (64:52) со кои се влезе во последната четвртина која овојпат не решаваше многу, туку даде потврда на триумфот на екипата со многу поголемо искуство од играње во ова регионално натпреварување.

Милошевиќ со 30 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, Вер постигна 13, а Крстевски 12 поени за победничкиот тим. Кај Пелистер кој имаше очаен шут за три поени (4/26), се истакнаа Кесар и Малешевиќ со по 15 постигнати поени.

По три одиграни кола, МЗТ Скопје Аеродром има скор од две победи и пораз, додека Пелистер иома еден триумф и два порази. Во наредното четврто коло МЗТ Скопје ќе игра против Вредноснице Осијек, додека противник на Пелистер е екипата на Војводина од Нови Сад, а натпреварите ќе се играат во петок

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Атанасов: Се прави драма и се билда конфликт, ќе има уште една епска битка меѓу ВМРО и СДСМ

Следно

Нови хоризонти: Овие три знаци ќе излезат од лоша врска и ќе можат повторно да дишат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian