Уапсени двајца лекари од Словенија, издавале лажни ковид потврди

1 min read

Вчера во Словенија биле уапсени два лекари кои издавале уверенија на пациенти без никаков преглед, за паричен надоместок, а за пари тие издавале и лажни ковид потврди.

Акцијата што се случи во вторникот на подрачјето на полициските управи на Љубљана, Цеље, Ново Место, Мурска Собота, Крањ и Нова Горица ја воделе криминалисти од Марибор, а соопштено е дека се работи за предистражна постапка.

Неофицијално, во центарот на истрагата е корупцијата во здравството, а потврдено е дека повеќе лица и институции се под истрага, додека досега се приведени две лица.

Истрагата е фокусирана на сомнението за злоупотреба на службената положба, земање и давање поткуп, а во постапката се вклучени двајцата лекари, потврди полицијата во Марибор.

„Се сомнева дека на тој начин за неколку години добиле најмалку еден милион евра противправна имотна корист“, соопштија од полицијата, велејќи дека тие ќе му бидат предадени на истражниот судија, пренесува Хина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милевски: Не се откажуваме, секоја шанса за второто место мора да ја искористиме

Следно

ФОТО | Леди Гага во екстравагантен виолетов фустан на премиерата на „Куќата на Гучи“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian