Тревис Скот и Дрејк изведувале сатанистички обреди на „Astroworld“? ТикТок одговори на теориите на заговор

3 mins read

Буката околу кобниот концерт на Тревис Скот на фестивалот „Astroworld“ не стивнува, па откако надојде нов бран на теории на заговор дека било сатанистички обред тоа што го создаде нередот, ТикТок платформата мораше да одговори.

На фестивалот во Хјустон, Тексас минатата недела за време на настапот на Тревис Скот се појави Дрејк како гостин, а нивниот перформанс доведе до фатален исход во кој загинаа осуммина и над 300 беа повредени. Меѓу загинатите имаше и тинејџери, од кој најмладиот имаше само 14 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by flame (@travisscott)

По настапот социјалните мрежи беа преплавени со непријатни видеа и фотографии од случувањето, а не изостануваа ни видеата на ТикТок кои наведуваат дека Тревис изведувал некаков вид на сатанистички ритуал, дополнувајќи дека и дното на просторот било покриено со сатанистички симболи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by flame (@travisscott)

Откако Ролинг Стоун укажа на сериозноста на овие клипови, посочувајќи дека еден од клиповите кој е меѓу најпопуларните достигнал и повеќе од 23 милиони гледања, претставник од ТикТок излезе во јавноста оградувајќи ја и објаснувајќи го пристапот на платформата. Според говорникот од компанијата, тие реагирале на повеќе начини и работат на отстранување на содржината од тој тип на видеа, но и на пребарувачките термини и фрази. Образложението не навлегува во дискусија околу фестивалот, но потенцира дека со таа содржина корисниците ги прекршуваат правилата на користење за почитување на заедницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bad Bitch 💸 (@wethebhadst)

Видеата зборуваат за теории за основачот на фестивалот Тревис Скот и „ритуалите“ од сатанистички и демонски карактер и создавање „Сатаник Паник“. Тоа не само што дополнително ја комплицира ситуацијата, туку и ги наведува и семејствата на жртвите на дополнителна болка во моменти на лесна ранливост.

Тревис Скот се обрати по непријатниот настан, изразувајќи жалење за жртвите, понудувајќи помош за семејствата и за погребите на жртвите, додавајќи во друга изјава дека не бил свесен за сериозноста на ситуацијата затоа што секогаш сакал да им создаде позитивно искуство на неговите фанови.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалерка на ПСЖ организирала да биде претепана нејзина колешка за да и го земе местото во тимот

Следно

Родителите од Аеродром конечно ќе добијат по 8.000 денари за новороденче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian