Притворениот американски новинар во Мјанмар обвинет за тероризам, му се заканува доживотен затвор

1 min read

Американскиот новинар Дени Фенстер, кој неколку месеци се наоѓа во притвор во Мјанмар, е обвинет за тероризам и се соочува со доживотна казна затвор, соопштија денеска неговите адвокати.

Фенстер (37) е главен уредник на „Frontier Myanmar”, еден од водечките независни сајтови во оваа азиска земја.

-Фенстер се товари по член 50 од Законот за борба против тероризам и член 124 од Кривичниот законик, изјавија адвокатите.

Тој веќе е обвинет за поттикнување и незаконско здружување, а се товари и за кршење на имиграциските закони.

Фенстер е еден од новинарите уапсени по соборувањето на демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи со воениот пуч во февруари.

Здружението за помош на политички затвореници на почетокот на годинава објави дека 5.224 лица се затворени во протестите против воениот удар.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски: Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови!

Следно

Заев: Вечерта на 31-ви реков дека останувам периодот за да помогнам во одржување на мнозинството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian