Одбиена жалбата на Гугл на одлука на ЕК, компанијата треба да плати 2,4 милијарди евра

1 min read

 Одбиена е жалбата на Гугл против антимонополската одлука на Европската комисија, што значи дека Гугл треба да плати 2,4 милијарди евра за фаворизирање на својот пребарувач.

Одлуката ја донесе Европскиот општ суд (EGC), што значи потврда на казната за Гугл, иако се уште е можна жалба до високиот Европски суд на правдата (ЕСП).

Комисијата тврди дека Гугл неправедно го користел својот доминантен пребарувач за да го пренасочи сообраќајот кон услугата Гугл шопинг која на корисниците им овозможува да ги споредува производите и цените на онлајн продавачите.

Од Брисел велат дека кога компанијата ја лансираше услугата, во 2004 година, (под името Фругл), таа не беше успешна и не ги исполни очекувањата.

Но, Гугл почна систематски да ја фаворизира својата шопинг услуга во резултатите од својот популарен пребарувач, чија доминација на пазарот надминува 90 отсто во повеќето земји на ЕУ. Гугл шопинг сега рутински се појавува на самиот врв на резултатите од пребарувањето, забележа Брисел.

Оваа пракса ги потисна ривалските услуги за споредби во купувањето, што се деградирани во резултатите од пребарувањето и практично е невозможно да се најдат. Како резултат на тоа, луѓето беа исклучиво изложени на купување на Гугл, претворајќи ја платформата во де факто стандардна опција за онлајн купувачите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска – Драган Спасов – Дац, актер и музичар

Следно

Осакатени со ботокс бараат спас на Пластична хурургија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian