Новиот бран на Ковид-19 во Франција го принуди Макрон да влезе во предвремена изборна кампања

4 mins read

Во 30-минутно телевизиско обраќање, шефот на француската држава најави нови здравствени мерки, но притоа ги бранеше своите економски и социјални постигнувања од изминатите четири и пол години минати на власт.

Францускиот претседател за да го спречи петтиот бран на Ковид-19, што веројатно ќе ги избрише напорите направени по повеќе од една и пол година борба против пандемијата, непосредно пред претседателските избори на 10 и 24 април 2022 година, на кои сигурно ќе го стави во влог неговиот реизбор, најави нови мерки.

Првата е условување на здравствената пропусница со трета доза вакцина за сите кои  се на возраст од 65 години, почнувајќи од 15 декември.

Во Франција нема да има враќање на ограничувачките мерки, со затворање  или полициски час, но ќе се зголемат контролите на баровите, спортските сали за да се избегне затворањето. Лицата на возраст од 50-64 години ќе бидат повикани да примат трета доза вакцина на „почетокот на декември”.

Во текот на ноќта Министерството за образование најави повторно задолжително носење на заштитните маски во сите училишта на Франција од идниот понеделник.

Покрај здравствените мерки, меѓу кои и употребата на здравствената пропусница до 31 јули, шот вчера беше потврдена и од Државниот совет (Врховниот Управен суд), Макрон во говорот синоќа најави и неколку економски и социјални потези.

-Пензиските реформи нема да се најдат на дневниот ред до крајот на неговиот петгодишен мандат, бидејќи „не се исполнети условите за повторно почнување на овој проект”, рече Макрон.

Тој притоа потврди дека од 1 декември ќе се применува следната фаза од реформата на осигурувањето за невработеност – фаза која се смета за „суштинска”. Јасно е дека ќе биде потребно да се работи шест месеци, а не четири за да се користи додатокот за невработенсот, додека дегресијата ќе важи по шестиот месец и не повеќе од осмиот.

За Макрон, нуклеарната енергија стана силна тема на крајот од мандатот. Откако кон средината на октомври најави инвестиции од една милијарда евра во мали нуклеарни реактори (СМР), сега претседателот ја потврди изградбата на нови големи ЕПР реактори.

Тој уште еднаш инсистираше на неговиот голем план наречен „Франција 2030″. Оваа стратегија, што ќе мобилизира 30 милијарди евра инвестиции, има за цел да ја зајакне независноста на Франција и Европа во однос на САД и Азија.

Макрон потсети дека за пет години биле регрутирани „10.000 полицајци и жандарми” и дека буџетот за правда „се зголемил на досега невидено ниво”. Иако верува дека „резултатите се тука” тој вели дека сепак е „свесен за работата што останува да се заврши”, особено во прашањата за безбедноста, правдата и за животната средина.

На крајот во однос на крајната десница, Макрон порача: 

 

„Да не се плашиме, верувајте во себе, верувајте во Франција”. Осврнувајќи се на „Франција која останува самата, силна во својата историја, својата култура, јазик, секуларизам” и фалејќи го „духот на отпорот”, претседателот го осуди „враќањето на национализмот”. Што е отелотворен, според него, иако не ги именуваше, од Марин Ле Пен и Ерик Зему

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ново забавно но и корисно шоу: Актерите Петрушевска и Џамбазов преку еколошкото шоу „Агенда 21“ ќе апелираат за грижата за животна средина

Следно

ВИДЕО | Костадинов: Се надевам дека пратениците ќе го продолжат демократскиот пат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian