Муцунски: Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови!

1 min read

Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови!

На иницијатива на градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски до советот на Општина Аеродром е поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда.

-Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните. На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини. Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет, порача градоначалникот Муцунски на својот официјален фејсбук профил. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Нараквици на Марија Антоанета продадени за 7,46 милиони швајцарски франци

Следно

Притворениот американски новинар во Мјанмар обвинет за тероризам, му се заканува доживотен затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian