Фудбалската репрезентација на Македонија утре го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за Мундијалот во Катар против селекцијата на Ерменија.
На две кола до крајот на квалификациите, Македонија се наоѓа на третото место на табеларта во групата Ј со 12 бода, исто колку што има и утрешниот противник, додека на втората позиција која води во баражот.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски на очекува отворен натпревар со оглед дека двете селекции ќе одат на победи.
– И Ерменија и Македонија имаат подеднакви шанси за тоа второ место. Им треба победи на двете екипи и ќе гледаме интересен и отворен меч меч. Можеби ќе биде поразличен меч од оној во Скопје. Тој дуел помина во наша доминација. Сега очекувам сосема поинаков натпревар, отворен од двете страни, затоа што победа им треба на двете репрезентации.
Кога ќе ви недостасуваат вакви играчи како Адеми, Јаховиќ, Николов… секако дека е хендикеп, но оние кои се тука се подготвени да го дадат максимумот, да ја оствариме целта. Можеби ќе има влијание и тоа утре, особено во средината на теренот. Во фаза сме на создавање тим кој ќе го имаме во следните 4-5 години. Но, не се откажуваме никако, секоја и најмала шанса за тоа второ место ќе мора да ја искористиме, и ќе видиме што ќе донесе тоа на крај – вели Милевски.