Највисоките претставници на Израелската армија соопштија дека Израел се подготвува за вооружен конфликт со најголемиот регионален ривал Иран и неговите ограноци.
Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-полковник Авив Кохави, во вторникот изјави дека израелската армија „ги забрзува оперативните планови и подготвеноста да се соочи со Иран и нуклеарната воена закана“која доаѓа од таму , пренесува АП.
Обраќајќи им се на пратениците на состанокот на Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, Кохави рече дека војската „продолжила да дејствува против непријателот во тајните операции и мисии низ Блискиот Исток“ во текот на изминатата година.
Се наведува дека иранското присуство во близина на израелската северна граница е црвена линија и дека целта на акцијата е испорака на оружје за либанската милитантна група Хезболах, која ја поддржува Иран, и објектите поврзани со Иран во Сирија.

Израел изврши стотици напади врз воени цели поврзани со Иран во соседна Сирија во изминатата деценија, но ретко ги признава своите операции.
„Во случај на војна, ќе бидеме подготвени да извршиме операции кои се невидени досега , со средства кои се најнова технологија , а кои ќе му наштетат на срцето на теророт и неговите способности“, посочи Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.
Израел го смета Иран за егзистенцијална закана и предупреди дека ќе дејствува со воена сила доколку е потребно за да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје.
Минатиот месец израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид рече дека „ако терористичкиот режим сака да се здобие со нуклеарно оружје, ние мора да дејствуваме“.

Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е само за мирнодобски цели, а Техеран треба да ги продолжи нуклеарните преговори со светските сили овој месец, откако договорот од 2015 година пропадна по повлекувањето на САД од договорот од 2018 година.
Израел и Иран немаат дипломастки односи, и се во формална војна. Иран не гопризнава посотоењето на еврејската држава и го обвинува Израел дека главен виновник за наметнате американски санкции, кои со години се воведени кон Иран.

Израел од друга страна го обвинува Иран дека е спонзор на радикалните исламистички групи Хезболах и Хамас кои изминатите децении изведуваат терористички напади врз изралески цели низ светот пред се во палестинските окупирани области Западен брег и Појасот Газа.

Израел повеќе години се заканува дека ќе го нападне Иран доколку шиитската држава се обиде да се здобие со нуклерано оружје. и најавува превентивни воздушни удари врз Иран
Иранско -Изралелскиот конфликттрае долги години и двете држави се цело време на раб од започнување војна.