Гостување на Драмскиот театар на Меѓународниот фестивал „РУТА групација Триглав“ во Сараево

1 min read

НУ Драмски театар Скопје синоќа гостуваше на Меѓународниот фестивал „РУТА групација Триглав“ во Сараево со монодрамата „Кармен“ на Билјана Драгиќевиќ-Пројковска. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, преводот е на  Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, сценски движења – Олга Панго, костимограф е Раде Василев, композитор е Горан Трајковски, фотографиите и дизајнот на плакат се на Елена Бојаџиева.

Фестивалот „РУТА групација Триглав“ е составен од шест театри од регионот, а, како што соопштуваат од Драмскиот театар, основната цел на Фестивалот е поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациска смисла.

„Ова претставува одлична можност театарските куќи да се презентираат и да се промовираат во регионот и, секако, да се направи пат за понатамошни копродукции или други форми на соработка“, информираат од Драмскиот театар.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

ФОТО | Леди Гага во екстравагантен виолетов фустан на премиерата на „Куќата на Гучи“

Следно

„Волт“ продаден за седум милијарди евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian