Големата конкуренција е гаранција за квалитетни борби на јубилејното 50. издание на „Златен Гонг”

2 mins read

Претстојниот викенд по 50. пат ќе се одржи традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг” 2021 на која ќе учествуваат 60-тина боксери.

Јубилејната манифестација на златниот гонг е во организација на Националната боксерска федерација, а е потпомогната од Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје.

И покрај пандемијата предизвикана од коронавирусот, годинава ќе учествуваат над 60 боксери од 13 земји и тоа од Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина (Хонг Конг) и Бугарија.

– Благодарам за големата поддршка од АМС, ние како федерација успеавме да се извлечеме од кризата, чекор по чекор одиме напред. Ова е 50-ти јубилеен „Златен Гонг”, и покрај пандемијата, бројката од над 60 пријавени боксери ќе донесе квалитетни борби – изјави претседателот на НБФ, Примислав Димовски.

Сите борби ќе се одржат во малата сала во СЦ „Борис Трајковски” (мала сала), а според програмата четвртфинале во четврток од 16 часот, петок во две сесии – полуфинале од 13 и 18 часот и финале во сабота со почеток од 20 часот, со пренос на МКРТВ и Аренаспорт.

Последниот победник на „Златен Гонг” во 2019 година од македонската репрезентација, Јасин Љама вели дека по настапот на светското првенство во Белград се чувствува подготвен за овој предизвик.
– Ќе направиме се сите од нашата репрезентација и оваа година „Златниот Гонг” да остане во Македонија, јас сум лично подготвен, а и сите мои колеги во тимот од репрезентацијата, очекувам силна кконкуренција и квалитетни борби – изјави Љама.

Селекторот Руждија Калач, кој ќе ја води македонската репрезентација составена од седум боксери и тоа Ардијан Џемаили (54 кг) Оран Јашаровски (57 кг) Јасин Љама (60 кг), Дион Лета (63,5 кг), Ферид Хоџа (71 кг), Лео Јовановски (75 кг) и Арсим Етеми (80 кг).
– Потребна е многу работа, но ние имаме добри и перспективни боксери, не е формално, морам да истакнам дека АМС го помага боксот, благодарни сме за тоа, тие се симбол на спортот во државата, очекува квалитетни борби – рече Калач.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска за украсувањето на градот: Треба да почнеме со штедење, неопходни се сите чекори за справување на кризата

Следно

ВИДЕО | „Натрапник“ ја прекина новозеландската премиерка во обраќањето во живо: „Врати се во кревет, ќе дојдам за секунда“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian