ФОТО | Леди Гага во екстравагантен виолетов фустан на премиерата на „Куќата на Гучи“

1 min read

Леди Гага е позната по своите екстравагантни и ексцентрични стајлинзи, па ова не е нешто неочекувано од неа. Сепак, успешно го претстави својот гламурозен, а сепак малку „trashy“ изглед на вчерашната гала вечер по повод премиерата на филмот за семејството Гучи.

Фамилијата Гучи во Италија има интересна историја, заплеткана и интригантна. Во филмот се обработува семејната декаденција, одмаздољубивоста, прељубата и убиствата, во кој Леди Гага ја глуми Патриша Реџани (според јавноста, доста убедливо). Неодамна на Твитер мрежата почнаа да се појавуваат и фотографии од филмот каде таа неодоливо многу потсетува во стајлингот и физичката појавност како актерката Сека Саблиќ.

Погледнете го неверојатниот лелеав дури и лебдечки виолетов фустан кој Гага во нејзин стил го комбинираше со мрежести хулахопки, висок шлиц, невообичаени чипкани ракавици и накит од „Тифани“. Таа позираше со партнерот во филмот, Адам Драјвер.

EPA-EFE/VICKIE FLORES
EPA-EFE/VICKIE FLORES
Splash / Profimedia

Освен Леди Гага, на црвениот килим продефилираа и Џеред Лето во интензивно тиркизен костум, Адам Драјвер во класична комбинација, но и Селма Хајек во златен блескав фустан.

Photo:Profimedia

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсени двајца лекари од Словенија, издавале лажни ковид потврди

Следно

Гостување на Драмскиот театар на Меѓународниот фестивал „РУТА групација Триглав“ во Сараево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian