ФОТО: Фудбалерите го одработија последниот тренинг во Ереван

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи последниот тренинг пред утрешниот натпревар на Националниот стадион во Ереван против Ерменија во претпоследното коло од квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат на делба на третата позиција на табелата во групата Ј, токму со селекцијата на Ерменија, и двете репрезентации имаат по 12 бодови додека второпласираната Романија има еден бод повеќе.

Тренинг на фудбалската репрезентација на Македонија во Ереван/фото: ФФМ

Токму поради тоа, победата е императив за „рисовите“ со што би ги задржале шансите за пласман во баражот иако се свесни дека се ќе зависи од Романија која игра против Исланд дома и потоа во последното коло му гостува на Лихтенштајн.

„Рисовите“ утре од 18 часот играат против Ерменија/фото: ФФМ

Иако репрезентацијата во Ереван ќе биде ослабена за неиграњето на Адеми, Николов, Јаховиќ и Ракип, атмосферата кај фудбалерите е на највисоко ниво и подготвени го дочекуваат натпреварот со Ерменија.

Фудбалерите го почувствуваа теренот на Националниот стадион во Ереван/фото: ФФМ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев и коалициските партнери ќе се координираат пред утрешното гласање за доверба на владата

Следно

Принцот Хари за „Мегзит“: Тоа е ужасен, мизогинистички термин кој ја навредува мојата сопруга

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian