ФОТО | „Чуварката на плажата“ без грам шминка е целосно непрепознатлива

1 min read

Памела Андерсон важи за оние жени што секогаш изгледаат беспрекорно, дури и кога животот не им е секогаш „нареден“. Но, во овој случај, папараците ја фатија нејзината реална, природна страна.

Со разбушавена коса, без кармин, пудра и маскара, со очила на главата и во обична бела маичка и по тренерки, оваа актерка се појави во јавноста онака баш ноншалантно, уживајќи со својот пријател на сончевиот ден.

Памела Андерсон без шминка
Backgrid USA / Profimedia

Иако многумина не ја препознаа и се чудеа на тој лежерен изглед, таа не се огласи на коментарите и веројатно не ја ни интересираат.

Сепак, холивудските ѕвезди се сепак обични луѓе. Иако работата им е постојано пред камера и од нив се очекува совршен изглед за позирање, и ним им е потребен „одмор“ од тој свет.

Па Памела, само ти уживај во своето кафе, онаква каква што си!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откако беше оштетен, муралот на Ратко Младиќ повторно нацртан

Следно

Кина се обидува да ги закрпи дупките на „Евергранд“, воведува данок на имот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian