Дејзи Ридли ќе се појави во научнофантастичниот трилер „Mind Fall“

2 mins read

Актерката Дејзи Ридли, која се прослави со улогата на Реј во последната „Star Wars“ трилогија, повторно ѝ се враќа на научната фантастика во новиот филм на Метју Касовиц, „Mind Fall“

Дејзи Ридли/EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Францускиот режисер, кој на јавноста ѝ е познат по неговите филмови „La Heine“, „The Crimson Rivers“, „Gothika“ и „Rebellion“, ќе го снима филмот според сценарио на Греам Мур (автор на сценариото за филмот „The Imitation Game“), додека пак продуцент ќе биде Џон Греам од Studio 8.

 

Што знаеме за „Mind Fall“?

Засега познатите детали за премисата на филмот откриваат дека дејствието се случува во блиска иднина во Лондон, каде што најбараната дрога на црниот пазар се сеќавања, физички отстранети од мозокот на една личност и вградени во мозокот на друга со помош на нова нелегална технологија.

Ридли ја толкува улогата на Ардис Варнадо, врвна во својата работа како трговец со сеќавања, ги отстранува од оние на кои им е потребна брза заработка, а потоа ги препродава на „клиенти“, луѓе подгтовени да платат големи пари за туѓа меморија што се врзува за нивната потсвест, толку ефикасно што не се разликува од нивните природни сеќавања.

Во меѓувреме, Ардис се бори со сопствената зависност, честопати борејќи се да направи разлика помеѓу животот што го живеела и спомените што си ги всадила. Во еден момент, Ардис е обвинета за убиство на еден од нејзините клиенти, но таа почнува да се сомнева во сопствениот ум и одлучува сама да го реши злосторството.

Ридли неодамна се појави и во фантастичниот филм на Lionsgate, „Chaos Walking“, а ќе се појави и во „The Marsh King’s Daughter“ на Нил Бургер за STX, што во моментов се наоѓа во постпродукција.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пех за кошаркарките, на натпреварот против Германија ќе играат без Девана Бонер

Следно

Документарниот филм „Леле луѓе што направивме, радувај се Македонијо“ премиерно овој викенд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian