БиХ: Кривична пријава против новинар на Танјуг поради негирање на геноцидот во Сребреница

1 min read

Новинарот на српската новинска агенција Танјуг, Марко Трошиќ доби кривична пријава затоа што за време на интервју со претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, тој ги негирал судските потврдени факти дека во Сребреница бил извршен геноцид врз Бошњаците.

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

 

Кривична пријава против Трошиќ беше поднесена од страна на бошњачкото лоби здружение Институт за истражување на геноцид (ИГК) со седиште во Канада, пренесува Хина. Како што беше наведено во денеска објавено соопштение, пријавата против Трошиќ е поднесена до Обвинителството на БиХ врз основа на измените во државниот кривичен закон, наметнати од поранешниот висок претставник за БиХ, Валентин Инцко, кон крајот на јули.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Осакатени со ботокс бараат спас на Пластична хурургија!

Следно

Во Центар уапсени двајца наркодилери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian