Арсовска за украсувањето на Скопје: Треба да почнеме со штедење на средствата

1 min read

Во два дена наидовме на многу предизвици во градска каса, изјави денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за тоа зошто градот го раскинал договорот за новогодишното украсување, потпишан во септември од страна на нејзиниот претходник, Петре Шилегов.

Според неа, во однос на ова прашање треба да се слушаат граѓаните.

-Вчера имаше големи реакции и граѓаните сметаат дека трошоците за украсувањето се непотребни. Неопходни се сите чекори за справување на кризата. Треба да почнеме со штедење на средствата, порача Арсовска.

Договорот за новогодишно украсување на Скопје Шилегов го склучи со фирмата „Линк медиа плус“  и е во вредност од 243.000 евра.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Вил Смит: „Земав халуциногени дроги за да ја преболам…“

Следно

Бајден и Фон дер Лајен ќе разговараат за трговијата, Западен Балкан и климата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian