Џафери потврди: 17 пратеници се повлекле од иницијативата за гласање недоверба на Владата

1 min read

Кабинетот на претседателот на Собранието попладнево потврди дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници.

Како што претходно објави „Слободен печат“, новиот список е доставен до собраниската Архива и на него од тактички причини ги нема потписите на неколкумина „спорни“ пратеници кои биле на претходната листа. ВМРО-ДПМНЕ очекува утре да има седница на Собранието и да ѝ биде изгласана недоверба на Владата.

На списокот со повлечените пратеници кој го објави Собранието, се гледа дека од иницијативата за недоверба на Владата се повлекол лидерот на Левица Димитар Апасиев, но не и неговиот сопартиец и вториот пратеник на партијата, Борислав Крмов.

Списокот со пратеници кои се повлекуваат од иницијативата за гласање недоверба на Владата / фото: Собрание на Република Северна Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, заклучно со понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шефот на „Фајзер“: Луѓето кои шират дезинформации за вакцините се криминалци

Следно

Милевски: Не се откажуваме, секоја шанса за второто место мора да ја искористиме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian