Во Словенија и натаму критична состојбата со четвртиот бран коронавирус

1 min read

Словенија се уште е во критична состојба со четвртиот бран на коронавирус, болниците продолжуваат да се полнат, а во последните 24 часа се потврдени 3.344 нови инфекции со Ковид-19 и 12 починати пациенти.

„Со 7.615 ПЦР тестови, потврдени се 3.344 инфекции, со високи 43,9 проценти позитивни резултати од тестот”, објави денеска Националниот институт за јавно здравје. Во моментов има 37.669 активни случаи.

Во просек, во последната недела имало 3.194 инфекции дневно, а инциденцата од 14 дена се искачила на 1.787, но најзагрижувачка е состојбата во болниците, каде пациентите со Ковид се во пораст.

Во нив моментално има 874 пациенти, што е за 240 повеќе од пред седум дена. Расте и бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега, кој за една недела се зголеми од 158 на 187.

Поради тешката епидемиолошка состојба, Владата во понеделникот воведе нови мерки, но не се одлучи за затворање од 14 дена, како што предложија епидемиолозите поради опасност од колапс на болничкиот систем.

Иако поради воведувањето построги ограничувања, интересот за вакцинација против Ковид-19 е зголемен во последните денови, сепак, вакцинацијата е под посакуваниот процент и изнесува 53,4 отсто од вкупното население, што е за 0,4 процентни поени повеќе од пред седум дена.

Меѓу другото, мерките се однесуваат на поширока примена на Ковид потврдите со приложување документи за идентификација, скратено работно време на локалите и забрана за работа на ноќните клубови и дискотеки. Исто така се бара почесто тестирање за коронавирус на учениците во основните и средните училишта, забрана за големи народни собири и други ограничувања.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Следно

„Вера сонува за морето“ ја освои главната награда на Меѓународниот филмски фестивал во Токио

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian