ВИДЕО: Португалија во солзи, футсал легендата ја заврши репрезентативната кариера

1 min read

Легендарниот футсал играч Рикардињо, после големиот број на успеси и трофеи, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе не настапува за Португалија.

Португалецот за националната селекција одигра 187 натпревари и реализираше 141 гол, а беше и шест пати избран за најдобар футсалец на светот.

– Денеска објавувам крај на репрезентативната кариера. Беше ова неверојатно и незаборавно патување. Ова е најтешката одлука во мојата кариера – рече Рикардињо.

Рикардињо на најдобар можен начин одлучи да се раздели со националниот дрес во 36 година од животот, после освојувањето на Светското првенство, прво во својата историја.

Тој минатата година потпиша договор на три години со францускиот шампион АЦС, а во кариерата играше уште за Нагоја, Бенфика и ЦСКА Москва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Portugal (@portugal)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хоџа: Желино не беше изговор за рушење на власта, ДУИ ја „преполни чашата“

Следно

ФОТО | Легендарен фустан која има своја „Wikipedia“ страница: Елизабет Дебицки го износе „одмазничкиот“ фустан на принцезата Дијана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian