ВИДЕО | Најстуденото село на светот: На минус 70 степени се греат со вотка и користат полско веце

3 mins read

Ова руско село се смета за најстудено населено подрачје на Земјата, а локалното население морало да го приспособи секојдневниот живот на климата – што подразбира консумирање многу вотка, месо и користење помошни полски вециња.

Ојмјакон се наоѓа во близина на Јакутска, главниот град на регионот кој има најниски зимски температури од сите градови во светот, а неговото име иронично значи „незамрзната вода“ поради термалниот извор којшто се наоѓа во близина.

 

Најниската температура забележана во Ојмјакон била ледените минус 71,2 степени Целзиусови во 1924 година, а како што наведуваат медиумите носењето очила на отворено може да предизвика да се залепат за лицето, а ова е само еден од најобичните проблеми на екстремно студеното време.

Мештаните се справуваат со студот со помош на „рускиот чај“, односно вотката. Замрзнатото тло го отежнува работењето на внатрешните водоводи, така што повеќето тоалети се изградени надвор како полски тоалет. Користењето мобилен телефон во зима е невозможно бидејќи апаратите замрзнуваат во џебовите, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите во текот на ноќта, бидејќи наутро не би можеле никако да ги вклучат.

Големиот студ го отежнува и копањето гробови, поради што пред погребот, тлото мора да се загрее. Исто така, авионите не можат да летаат до оваа област во зима. И секако, ризикот од смрзнатини е голем по само неколку минути на студ.

Поради замрзнатото земјиште не може да се одгледуваат земјоделски култури, а населението на Ојмјакон преживува главно од месо. Најчесто јадат ладна храна, смрзната сирова арктичка риба, бел лосос, бела риба, смрзнат суров коњски црн дроб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catalejo Cultural (@catalejocultural)

Летата, меѓутоа, се релативно топли, а просечните температури околу средината на 1960-тите и 1970-тите години достигнувале дури 34 степени Целзиусови. Но, зимите се долги, а летата кратки, а како што тврди Weather.com, многу локални жители всушност се жалат на потопло време.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уште 13 починати пациенти и 677 нови случаи на ковид-19

Следно

3 хороскопски знаци на кои не треба лесно да им верувате

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian