ВИДЕО: Громогласен аплауз за Заев на Централниот одбор на СДСМ

1 min read

Премиерот и лидер на СДСМ во оставка Зоран Заев вечерва беше пречекан со силен аплауз од неговите сопартијци на седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз.

Во моментот кога Заев се појави во просторијата каде се одржува седницата на Централниот одбор, тој беше пречекан со аплауз и скандирање „Зоки, Зоки“.

Според најавите од СДСМ, теми на седниците ќе бидат актуелните политички случувања во земјата, изборните резултати, како и најавената оставка на премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев.

ФОТО: Членовите на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ се собраа во партиското седиште

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чисти извори на енергија: Индустриите може да се хранат само со ветер и сонце

Следно

ФОТО: Најголемата закана за Ѓоковиќ го потврди учеството на „Австралија Опен“!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian