„Вера сонува за морето“ ја освои главната награда на Меѓународниот филмски фестивал во Токио

3 mins read

По годинешната премиера на Венецискиот Филмски фестивал, каде ја освои наградата за најдобра режија „Автори под 40“ во рамките на програмата „Venezia a Napoli. Il cinema esteso“, на косовската полуавтобиографска драма „Вера сонува за морето“, во режија на Калтрина Красниќи ѝ беше доделена Гран-при на Интернационалниот филмски фестивал во Токио во конкуренција со уште 15 филма од целиот свет. Наградата е вредна 30.000 долари.

Филмот е снимен според сценарио на Дорутина Баша, кинематограф е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, снимател на звук е Игор Поповски, композитор е Петрит Чеку, дизајнер на звук Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е „Дрим Фектори“ на Огнен Антов.

Главната улога ја толкува македонската актерка Теута Ајдини-Јегени, а во филмот се појавуваат и Рефет Абази, Алкета Силај, Астрит Кабаши и др.

Вера сонува за морето
„Вера сонува за морето“/Twitter

Филм за генерација жени кои кои минуваат низ драматични социјални и политички промени на 20 век

Делумно заснован на реалните животни искуства на мајката на режисерката, „Вера сонува за морето“ е филм чие дејствие се одвива во Косово и ја следи приказната на Вера, преведувач на знаковен јазик која по самоубиството на сопругот, реномиран судија, Фатмир Гаши (Рефет Абази) е принудена самата да се бори за наследството врз неговата селска куќа и да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив.

Според Красниќи, инспирација за филмот бил главниот лик, Вера, „која претставува огледало на една генерација жени кои кои минуваат низ драматичните социјални и политички промени на 20 век“.

Калтрина Красниќи/Twitter
Калтрина Красниќи/Twitter

Кои се добитниците на останатите награди на TIFF?

Специјалната награда од жирито на TIFF замина во рацете на романската режисерка Теодора Ана Михаи за филмот „La Civil“, снимен во Мексико, додека за најдобар режисер му припадна на Казахстанецот Дарежан Омирбаев за „Poet“.

Џулија Чавез ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината улога во „The Other Tom“, соработка меѓу Мексико и САД во режија на Родриго Пла и Лаура Сантуло, додека пак наградата за најдобар актер беше поделена меѓу четворица актери во „ The Four Walls “ на курдскиот режисер Бахман ГобадиАмир Агаи, Фатих Ал, Бариш Јилдиз и Онур Булду.

Во делот „Азиска иднина“, посветен на филмови од идни азиски режисери, наградата за најдобар филм ја доби „World, Northern Hemisphere“, драмата на иранскиот режисер Хосеин Техерани за 14-годишно момче кое го издржува своето семејство по смртта на неговиот татко.

На церемонијата на затворање, исто така, беа доделени две нови награди, доделени заедно со Amazon Prime Video.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Словенија и натаму критична состојбата со четвртиот бран коронавирус

Следно

Акција за чистење медицински и комунален отпад во општина Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian