Тревис Скот ќе плати за погребите на сите кои загинаа на неговиот настап

1 min read

Тревис Скот ќе ги плати трошоците за погреб на сите оние кои ги загубија животите во трагичниот инцидент на фестивалот Астроворлд во Хјустон во петокот.

Осум лица загинаа, а стотици беа повредени за време на стампедото на публиката додека Тревис Скот настапуваше.

Сега Скот – кој го откажа закажаниот настап во Лас Вегас затоа што бил премногу „избезумен“ да настапува – вети дека ќе ги финансира погребните трошоци на оние кои за жал починале, како и дека ќе им понуди психијатриска помош на погодените од трагедијата.

Во соопштението за печатот се вели: „Тревис Скот ќе ги покрие сите трошоци за погреб и ќе обезбеди дополнителна помош за поединците погодени од трагедијата на 5 ноември на фестивалот Астроворлд во Хјустон, Тексас“.

Покрај тоа, Тревис соработува со BetterHelp за да обезбеди бесплатна, еден-на-еден онлајн терапија и тесно соработува со MHA од Хјустон (Mental Health America) за да ги води сите кои имаат потреба од соодветна грижа за менталното здравје.

„Тревис останува во активни разговори со администрацијата на градот Хјустон и агенциите за спроведување на законот за со почит и соодветно поврзување со поединците и семејствата на оние кои присуствуваа или се поврзани со трагедијата“, се вели во соопштението.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Овие 4 хороскопски знаци НИКОГАШ не простуваат, кај нив НЕМА ВТОРА ШАНСА

Следно

Четири бебиња починаа во пожар во болница во индискиот град Бопал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian