Тревис Скот ќе ги плати погребалните трошоци на сите што загинаа на неговиот концерт: „Избезумен сум и праќам молитва до сите“

2 mins read

Раперот на чиј концерт се случи страотна несреќа и загинаа 8 луѓе, Тревис Скот, се изјасни дека ќе ги плати погребалните трошоци на сите оние кои го загубија животот во инцидентот на Астроволд, во Хујстон во петокот, пренесуваат од „Houston Chronicle“.

На настанот се случи стампедо во кое стотици беа повредени, а осумина загинаа.

Тревис Скот го откажа закажаниот настап во Лас Вегас, со изјава дека бил премногу вознемирен за да прави било што на сцена и вети дека ќе ги финансира сите трошоци на оние кои нажалост починаа, но и дека ќе понуди и психијатриска поддршка за погодените од трагедијата.

Во соопштението се веели дека „Тревис Скот ќе ги покрие сите трошоци за погреб и ќе обезбеди помош за поединците погодени од трагедијата што се случи на петти ноември на фестивалот Астроворлд во Хјустон, Тексас“.
Во своето емотивно видео на инстаграм – профилот тој зборуваше за неговата поврзаност со обожавателите.

„Моите фанови многу ми значат и секогаш сакам да им оставам позитивно искуство. И секогаш кога можам да проценам што се случува, го прекинувам настапот и им помагам да ја добијат потребната помош. Никогаш не можев да ја замислам сериозноста на ситуацијата“

Покрај тоа, Тревис соработува со BetterHelp за да обезбеди бесплатна, еден-на-еден онлајн терапија, a соработува и со MHA од Хјустон (Mental Health America) за да ги упати сите кои имаат потреба од соодветна грижа за менталното здравје.

„Тревис останува во активни разговори со администрацијата на градот Хјустон и агенциите за спроведување на законот за со почит и соодветно поврзување со поединците и семејствата на оние кои присуствуваа или се поврзани со трагедијата“, се вели во соопштението.

ВИДЕО | Осум лица загинаа на концерт: Ужасно стампедо во Хјустон, пожарникарите ги спасуваа луѓето

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓорѓиевски пред Украина и Франција: Се надевам дека ќе ја продолжам голгетерската серија

Следно

Не е првпат да избувне пожар во станот во Пролет кој гореше и денес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian