Што го „цица“ магнезиумот од телото?

3 mins read

Магнезиумот е многу важен минерал за човечкото тело, бидејќи е вклучен во повеќе од 300 витални метаболички процеси во телото. Тој е осми најчест минерал на Земјата и трет најчест минерал во морската вода. За нас најважен факт е дека тој е четвртиот најчест минерал во човечкото тело.

Дневната потреба за магнезиум кај возрасни луѓе (што зависи од повеќе фактори, како полот, тежината и висината) изнесува 300-400 мг/ден. Несоодветен внес на магнезиум доведува до мускулни грчеви и се поврзува со кардиоваскуларните болести, дијабетесот, високиот крвен притисок, анксиозноста и остеопорозата. Акутниот недостаток (хипомагнеземија) е редок и е почест како спореден ефект при употребата на лекови (како при употребата на антидиуретици).

Улогата на магнезиумот во човечкото тело

Магнезиумот помага во стимулирање на метаболичките процеси, вклучително и во ослободување на енергијата од храната и нејзино пренесување низ телото, а исто така учествува и во формирањето на протеините. Без него, метаболизмот на јаглехидратите, протеините и мастите не би бил возможен.

Она што е важно да се нагласи е дека магнезиумот „работи“ заедно со калциумот и на тој начин заедно ги регулираат електричните импулси во клетката. Нивната меѓусебна рамнотежа и функција се важни за спречување на акумулација на калциум во клетките, бидејќи во спротивно може да дојде до раздразливост, калцификација, нарушена клеточна функција или клеточна смрт.

Знаци на недостаток на магнезиум во телото

Бидејќи телото го компензира недостатокот на магнезиум со негово извлекување од коските, долготрајните периоди на недостаток се опасни. Ова се некои од главните симптоми:

– слаба циркулација на крвта

– главоболки  и мигрени

– хроничен замор

– вртоглавица

– грчеви

– тврда столица

– срцева аритмија

– несоница

– депресија

– нервоза

– сонливост

– болки во мускулите и грчеви

Кои фактори се виновни за недостатокот на магнезиум во организмот?

Причините можат да бидат многубројни:

– гастроинтестинални болести;

– изложеност на секојдневен стрес;

–  често консумирање алкохол;

–  често консумирање фосфатни (газирани) пијалаци;

–  лош сон;

– висок крвен притисок;

–  бременост;

– земање контрацептивни таблети;

– дијареја (пролив);

– проблеми со цревата или бубрезите;

– претерано вежбање;

– долготрајно консумирање намирници кои се сиромашни со влакна;

– предолго практикување небалансирани диети.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов рекорд на починати од ковид-19 во Бугарија

Следно

За една недела санкционирани 178 непрописно паркирани возила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian