Официјално: Влахо не е повеќе тренер на Работнички

1 min read

Александар Влахо поднесе оставка на позицијата шеф на стручниот штаб во ФК Работнички. По 11 месеци на кормилото на сениорскиот тим, тој одлучи да се повлече по резултатите во последните неколку кола.

На последните пет мечеви екипата претрпе три порази во шампионатот, една победа, а беше елиминирана од моментно најслабиот во Првата лига, Пелистер.

– По долго размислување, а со цел да се извлече заедничко добро и за мене и за тимот, донесов одлука да се повлечам од позицијата шеф на стручниот штаб на Работнички. Поминав прекрасни 11 месеци во клубот, чиј пријател и голем навивач ќе останам и во иднина.

Сега е време да се посветам на мојот следен проект кој го подготвувам подолг период. Би сакал да се заблагодарам за одличната соработка и за поддршката на раководството на ФК Работнички, сите мои соработници и пред се на фудбалерите. Им посакувам добро здравје и успеси во иднина и искрено се надевам дека Работнички ќе успее да го најде патот за враќање на европската сцена – рече Влахо.

ФК Работнички му се заблагодарува на Влахо за посветената работа и за максимално вложениот труд.

– Би сакал да му се заблагодарам на Александар Влахо за посветеноста и напорната работа во ФК Работнички. Клубот му посакува се најдобро во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде назначен нов шеф на стручниот штаб – изјави претседателот на „романтичарите“, Драган Поповски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сите возила задолжително да носат ланци во багажникот, а камионите лопата

Следно

Според анкетите Радев и Герџиков одат во втор круг од претседателските избори во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian