Новогодишното украсување на Скопје ќе чини 243.000 евра

1 min read

Град Скопје го склучи договорот на новогодишно украсување на градот.

Украсувањето ќе чини 243.000, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“. Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.

„Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

Лани главниот град беше украсен за Нова година, но немаше новогодишна прослава поради пандемијата на ковид-19.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Алијанса: Апасиев е Кловн

Следно

Уапсени три лица од опкружувањето на напаѓачот врз полицајците во Кан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian