Носите ли пижами?

5 mins read

Пижамата, секојдневен предмет или гламурозно прекршување на модниот бон тон, останува непоколеблива во модата, но сепак ги  отсликува промените… низ годината, животот, но и низ времето.

Оваа сезона пижамата ужива во уште една ренесанса во модата, а делумно тоа е благодарение и на дизајнерите , кои ја вклучија пижамата  во своите колекции и исто така создадоа специјална понуда целосно посветена на скромната но сепак луксузна облека.

Но, пижамата не е новитет во круговите познати по нивните изострени модни вкусови и трендовски сетинг. Таа има своја историја за тоа како едноставното, дури и скромно парче облека го освои светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Classic Pairs (@classic_pairs)

Зборот пижама и парчето облека биле инкорпорирани во англискиот јазик преку бенгалски, за време на Раџ.

Светската употреба на пижамите всушност е директен резултат на британското присуство во Индија во 18 и 19 век, и на царското влијание на Запад во тоа време. Пижамите, кои беа забележани како „униформа“ и на индискиот господар и на селаните, исто така го надминуваа полот, носени и од мажите и од жените.

Пижамите првпат беа претставени во Британија во 17 век, но станаа популарни како долга долна облека за мажи од околу 1870 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROSÉ 🌹 PIJAMAS (@rose.sleep)

Пижамите беа половина од изгледот на домашната облека и се носеа под друг предмет, домашното палто. Популарни кај мажите, пижамите  остануваат луксузна, но удобна опција за релаксација до почетокот на 20 век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Silky Touch (@silky_touch_uae)

Либерализацијата на пижамата всушност на многу начини може да се поврзе со „ослободувањето“ на жените, при што пионерите и во модата и феминизмот даваат храбри изјави засновани на пижамите. Најеминентното име и во поглед на модата и на женското движење во дваесеттите и триесеттите години беше секако Коко Шанел, француска дизајнерка, феминистка и едно од најголемите влијанија во модерната мода. Таа и самата честопати беше забележана во пижами, украсена со нејзините бисери со потпис и елеганција без изнасиленост.

 

Можеби тоа е поради потеклото на пижамата, нејзината егзотична, безродова и безкласна конотација, или можеби фактот дека првите кои дозволиле да ја носат и да уживаат во нејзината удобност биле мажите, но во 1930-тите пижамите станале барана облека од жени, од сите сфери на животот. Феминиските  кои сакаа да изразат став ја прифатија пижамата како униформа, а за жените од џет-сетот, пижамата стана совршена наметка за плажа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sal (@longtallsally1666)

Овој изглед ќе го продолжи својот успех во круговите кои поставуваат трендови и секој кој бил некој  поседувал и носел таков, од Грета Гарбо до Џоан Крафорд. За време на војната, пижамата, слично како и другите модни изгледи, стануваат помалку важни, сè додека грузиската принцеза, модел и ПР за ателјето „Sorelle Fontana“ во Рим, Ајрин Галицин, не ја врати на прв план. Нејзината љубов кон пижамата влијаеше на многу нејзини дизајнерски врски од Скијапарели до Живанши, и на тој начин пижамата живееше втор живот како дел од повоената модна ренесанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kabemayor (@kabemayor)

Изгледот потоа беше оживеан уште еднаш во седумдесетите, со британски дизајнери како Ози Кларк, мајстор за принтови, кафтани и пижами кои ја облекоа влијателната публика на „Kings Road“, а подоцна и остатокот од модниот сет од Студио 54 до Родео Драјв.

Во и надвор од модата до нејзината денешна последна ренесанса во 2016 пижамата беше платно за многу дизајнери да ја изразат својата креативност и за клиентите да коментираат за состојбата на општеството и нивната позиција во него.

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џафери: Заев добро направи што не ја поднесе оставката

Следно

На денешен ден – 10 ноември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian