Не било првпат да избувне пожар во истиот стан во населбата Пролет во Скопје, а соседите го опишуваат живеалиштето на 60-годишникот како депонија во стан.
Како што сведочат, тој потпалува ѓубре во станот и досега три пати избувнува пожар таму.
Овојпат, пожарот го пријавила сосетка.
Од МВР потврдија дека случајот е пријавен во нивните служби, а нивни екипи извршија увид на местото на пожарот. Истрагата ќе покаже дали 60 годишниот Николовски ќе одговара за предизвикување на пожар и опасност за животот на граѓаните.
Извор: skopjeinfo.mk