„Ме фрлија во самица, ме тепаа и ме гледаа гола“: Што се крие зад животот на БОГАТАТА НАСЛЕДНИЧКА?

5 mins read

Парис Хилтон се подготвува за венчавката, а богатата наследничка решила да го смени местото на венчавката само една недела пред церемонијата.

Имено, венчавката на Парис Хилтон и Картер Реуми е закажана за 11 ноември на имотот на нејзиниот покоен дедо Барон, а папараците веќе ги зазеле своите позиции околу имотот.

На фотографиите се гледа огромен дрвен подиум за танц кој се гради покрај базенот. Видливи беа и цветните аранжмани во форма на иницијалите на невестата и младоженецот.

Раскошната церемонија прво требаше да се одржи во црквата на Добриот пастир во Беверли Хилс. Сепак, невестата неодамна одлучила дека ќе го каже судбоносното „да“ на имотот на нејзиниот покоен дедо, пишува „Дејли мејл“.

Парис, како што вели, со години намерно создава имиџ на богата, глупава и разгалена наследничка, чија единствена грижа е какви чевли ќе одговараат со новата чанта. Сепак, наследничката низ годините создаде козметичка империја и по еден настап како диџеј заработи повеќе од 100.000 евра.

Познатата 39-годишна девојка во документарниот филм „This Is Paris“, по практично две децении криење, реши на јавноста да и го покаже, како што вели, своето вистинско лице.

„Многу сум горда на се што постигнав и чувствувам дека има толку многу заблуда за мене. Сакав да им покажам на луѓето која навистина бев и која сум“, рече таа.

Како прво, публиката за прв пат го слушна вистинскиот глас на Парис Хилтон – далеку подлабоко од пискливот и детски глас со кој што таа често зборуваше.

Меѓу другото, таа говореше и за трауматичниот период кога растела – била малтретирана, а од тоа и денес не се опорави целосно. Имено, нејзините родители не успеале да се справат со неа додека била тинејџерка, па ја испратиле во училиште за превоспитување и промена на однесување во Јута, каде практично немала никаков контакт со реалниот свет.

„Бев дете и ме фрлаа во самица, ме тепаа, ме понижуваа и ме гледаа гола“, тврди таа.

На учесниците им давале средства за смирување, ги фрлале во самица како да се во затвор, а приватност немале ниту за време на туширање – а потоа персоналот ги надгледувал. Таа тврди дека континуирано биле понижувани и мачени, а и самата добивала тепање и лекови на рецепт.

„Добивам многу мејлови од луѓе кои биле во истото училиште и го преживеале истото како мене. Ми пишуваат дека сум храбра да го кажам ова. Никогаш никому не сум кажала бидејќи бев толку истрауматизирана што не сакам да го спомнам“, рече таа и додаде дека вработените во училиштето заслужуваат да бидат во затвор.

Парис признала и дека го создала ликот на „глупавата русокоса“ за некако да ја заштити својата психа од трауми по тоа искуство и да преживее во суровиот свет на шоу-бизнисот.

Во истиот документарец таа зборува за тоа дека е меѓу првите познати личности чии еротски снимки завршија на Интернет. Имено, оваа мултимилионерка изјавила дека имала само 18 години кога се согласила да ја снима тогашниот партнер за време на сесијата и дека била убедена дека никој друг нема да го види тоа.

Но, 13-години постариот Рик Саломон, професионален играч на покер, видеото го нарече „1 Night in Paris“ и го продаде откако раскина со Парис, која оттогаш ја следи имиџот на „проблематична богата наследничка“.

Таа истакна дека сите нејзини поранешни партнери се чувствувале подредено во врската, бидејќи биле помалку богати, успешни и познати, што ги натерало да бидат насилни и љубоморни. Тоа го документирала и со стари фотографии на кои има бројни модринки по лицето и телото.

„Сега сум со најсовршениот маж и се чувствувам толку безбедно. Конечно го отворив срцето за прв пат и тоа е најдоброто чувство на светот“, заклучи Парис.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Со помош од мозочен имплант: Парализиран маж ги пишува мислите со точност од 94 отсто

Следно

НАЈЗГОДНАТА СПОРТИСТКА НА СВЕТОТ ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕН: „Добивам многу неморални понуди!“ (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian