Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Европска Унија треба финансиски да ја помага Белорусија, за Минск да ги запре мигрантите на нивниот пат кон Европа.
Тој додаде дека Европа мора да биде конзистентна во третманот на трети држави преку кои мигрантите пристигнуваат во ЕУ.
Лавров го посочи Договорот помеѓу Турција и ЕУ од 2016 година, кога Брисел и исплати на Анкара неколку милијарди евра за да бидат запрени мигрантите на патот кон Грција.
Рускиот министер за надворешни работи посочи дека ЕУ треба истото да го направи со Белорусија.
Извор: МИА