Коле Ангеловски, со премиерата „Птица со глава меѓу нозе“ во Драмски, слави 60 години активна уметничка кариера

1 min read

Во Драмскиот театар во Скопје, за утре (10 ноември), во 20:00 часот,  е закажана премиерата на претставата „Птица со глава меѓу нозе“ во режија на Коле Ангеловски. Со оваа претстава, за која Ангеловски го напиша текстот, тој одбележува и 60 години активна уметничка кариера.

Станува збор за чудна комедија со среќен крај. Приказната ја отсликува состојбата со пандемијата, социјалата и политиката во државава. Односно зборува за тоа како се однесуваат луѓето во чудни и сериозни сиуации, а сето тоа претставено од позитивен и комичен агол.

Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ-Пановска, Благој Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски,  Калина Наумовска, Благица Димитровска и Симон Манасковски. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Раде Василев, а музиката на Кокан Димушевски.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Акција за чистење медицински и комунален отпад во општина Кисела Вода

Следно

Пресметките потврдуваат: Невозможно е да се контролира вештачка суперинтелигенција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian