Градоначалникот на Кочани кој се онесвести на прес-конференција позитивен на ковид-19

1 min read

Градоначалникот на Кочани кој пред неколку дена се онесвести на прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска со ковид бил донесен на снимање во штипската болница, дознава „Слободен печат“ од свои болнички извори.

Според протоколот на Институтот за јавно здравје, контактите на заболените со ковид кои примиле две дози вакцина не одат во изолација.

Неофицијално, во општина Кочани имало средба со советници за примопредавање на функцијата каде не се почитувале мерките за заштита од ковид, односно не се носеле маски.

Љупчо Папазов е избран за нов градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои се одржаа пред две недели. Тој на прес-конференцијата во понеделникот пред седиштето на партијата стоеше зад Мицкоски, но во еден момент колабираше, по што прес-конференцијата беше прекината.

ВО ЖИВО | Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пресметките потврдуваат: Невозможно е да се контролира вештачка суперинтелигенција

Следно

Не успеа во Партизан, Митровски сега на проба во Полска

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian