Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

3 mins read

Спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски направи вовед во она што следува веќе од 11 ноември. Првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023 кој ќе се одржи во Словенија и Израел, против репрезентацијата на Германија на гостински терен во Хале.

– Ги стартувавме тренинзите за квалификациите за Европското првенство. Сите девојки кои се најквалитетни се тука. Имаме некои повреди, но се надевам дека сите работи ќе се санираат и дека со најсилниот состав ќе го стартуваме циклусот.

Имаме мал напредок во женската кошарка. Имаме повеќе екипи, две екипи кои играат во ВАБА лигата каде имаат солидни и добри резултати. Се надевам дека тоа меѓународно искуство ќе се примени во репрезентацијата и се надеваме на некој позначителен успех.

Најважно од сè е сите да се здрави, да играме најдобро што можеме, па да дојдеме до победа, па зошто да не и пласман на Европското првенство, ако ни се даде шанса – потенцираше Гечевски на прес-конференцијата одржана во пресрет на почетокот на натпреварите од групата „А“ од квалификациите за Европскиот шампионат.

Селекторот Александар Ашаданов и неговите асистенти, Јелена Антиќ и Атанас Димов ќе сметаат на 12 кошаркарки за првиот меч, оној во Хале, против Германките кој ќе се игра за два дена:

1. Анџелика Митрашиновиќ Тарбс, Франција
2. Илина Селцова Peac, Унгарија
3. Девана Бонер Конектикат Сан, САД Aмерика
4. Тијана Митрева Dinamo Sassari Италија
5. Марија Димитријевиќ Бадел 1862 Скопје
6. Матеа Николиќ Канзас Атлетикс, САД
7. Ивона Кожобашиовска Динамо Сасари, Италија
8. Александра Стојановска Бадел 1862 Скопје
9. Нена Трајчевска Бадел 1862 Скопје
10. Кате Поп-Димитрова Баскет Кам Каменица
11. Драгана Петковска Вардар Скопје
12. Елена Тасевска Баскет Кам Каменица

Ашаданов ќе го има своето ново тренерско поглавје во кариерата в четврток навечер, од 19.30 часот во Хале:

– За мене, ова претставува огромна чест и задоволство да бидам селектор на националниот тим затоа што се работи за нашата земја. Огромна благодарност до федерацијата што ми ја довери оваа задача. Со првиот натпревар, за мене, како еден од најмладите селектори во женската кошарка, сакам да дадам голема благодарност на сите кои се појавија на овој собир и сакаат да работат и да победуваат. Се надевам дека сите повреди ќе ги надминеме и ќе бидеме спремни за првиот дуел со Германија – рече Ашаданов на собирот со медиумите во СРЦ „Кале“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црни руски пари завршиле во македонската опозиција?

Следно

Во Словенија и натаму критична состојбата со четвртиот бран коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian