Поранешниот шпански фудбалер Чави Ернандес во денешните утрински часови го имаше првиот тренинг како тренер на Барселона, а присутни беа само шест првотимци на каталонскиот клуб.
Екс тренерот на катарскиот клуб Ал Сад прво им се обрати на првотимците во соблекувалната во друштво на претседателот Жоан Лапорта, а потоа тренираше и со играчите од резервниот тим, покрај членовите на првата екипа.
Чави на воведниот тренинг ги имаше Пења, Нето, Мингеза, Умтити, Рики Пуиг и Лук Де Јонг, а на разговорот во соблекувалната присуствуваа и повредените играчи Агуеро, Вајт, Фати, Дембеле, Дест, Пике, Роберто, Педри, Ерик Гарсија и Нико Гонзалес.
Според каталонските медиуми, Чави веќе донел низа правила кои отсега ќе се применуваат во Барселона.
👔 First day at the office pic.twitter.com/UlCRpT4Cgz
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 9, 2021
📍 Ciutat Esportiva Joan Gamper
💪 Primer entrenamiento. El comienzo de una nueva era. pic.twitter.com/6x7oUbJTqK— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 9, 2021
Вреди да се напомене дека за првпат по 2017 година и заминувањето на Луис Енрике ќе се воведат казни кои ќе се манифестираат на различни начини. Играчите ќе мора да дојдат барем час и половина порано на тренинг за да се релаксира атмосферата во тимот.
Покрај тоа што Чави би сакал да добие уште еден крилен напаѓач во јануари, посебно внимание ќе посвети и на Осман Дембеле во чиј потенцијал има голема доверба.
Фокусот ќе биде ставен на формацијата 4-3-3, која ја преферира Чави. По потреба формацијата ќе се промени во 3-4-3, се со цел враќање на напаѓачкиот фудбал и високиот пресинг.
Користејќи современи технологии, детално ќе се следи напредокот на секој поединец, но и ќе ги идентификуваат недостатоците во играта и физичката подготвеност на играчите.