ФОТО: Најголемата закана за Ѓоковиќ го потврди учеството на „Австралија Опен“!

1 min read

Рускиот тенисер Данил Медведев соопшти преку социјалните мрежи дека ќе настапи на првиот грен слем турнири следната година, „Австралија Опен“.

Оваа информација многумина ја потврдија дека Русинот се вакцинираше против коронавирусот. Вториот светски рекет на „Твитер“ сподели слика од Мелбурн со порака: „Се гледаме во јануари“.

Со оглед на тоа што властите на државата Викторија не отстапуваат од правилото дека на турнирот можат да учествуваат само играчи кои примиле вакцини против коронавирусот, многумина пораката на Данило ја протолкуваа како потврда дека и тој е вакциниран.

Претходно Медведев не сакаше да открие дека примил вакцина, нагласувајќи дека тоа е негова приватна работа.

Рафаел Надал и Доминик Тим најавија исто така дека ќе учествуваат во Мелбурн. Првиот светски рекет и бранител на трофејот Новак Ѓоковиќ сè уште не објави дали ја примил вакцината, а неодамна изјави дека не знае дали ќе отпатува за Мелбурн.

Медведев во последните месеци покажа дека е најголемата закана за српскиот ас во битката за светскиот трон. Русинот успеа да го совлада Србинот во финалето на „УС Опен“ годинава, а потоа Ноле се реваншираше на Мастерсот во Париз. За потсетување, „Австралија Опен“ започнува на 17 јануари 2022 година.

Ѓоковиќ во иднина се гледа како тренер: Немам намера знаењето да го однесам во гроб

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Громогласен аплауз за Заев на Централниот одбор на СДСМ

Следно

Џез – Слобода на импровизација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian