ФБИ фати сериски убиец во САД

1 min read

ФБИ вчера соопшти дека уапсило „осомничен сериски убиец“ за кој верува дека е одговорен за убиствата на шест лица и ранување на уште две во Мисури и Канзас.

Перез Рид (25) бил уапсен во петокот откако се симнал од воз во Индепенденс, Мисури, се вели во соопштението на ФБИ.

Инспекторите рекоа дека Рид имал билет за патување од Сент Луис. Луис и оти со себе носел пиштол калибар 40 во моментот на апсењето.

– Овој калибар се совпаѓа со чаурите од огнено оружје пронајдени во нерешените престрелки во градот и округот Сент Луис во септември 2021 година, се вели во соопштението.

– Најмалку шест жртви беа застрелани, чети и смртоносно, од истиот калибар, се додава.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За една недела санкционирани 178 непрописно паркирани возила

Следно

СИРИЗА: Владата наместо да испрати порака за поддршка на Договорот од Преспа, се фали дека е оправданo што не ги ратификува Меморандумите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian