ЕУ ја поддржа Србија со осум милиони евра за управување со границите

2 mins read

Пред пет години, Европската унија го организираше првиот заеднички ангажман на српски и патроли составени од полицајци од шест земји на ЕУ и оттогаш го поддржува подигањето на оперативните капацитети на Управата за гранична полиција на српското МВР со осум милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Од нив два милиони евра се наменети за набавка на специјализирана опрема за гранична контрола и надзор, соопшти Делегацијата на ЕУ во Белград.

Како што е наведено, благодарение на поддршката на ЕУ за управување со границите, Србија ја зајакна и подобри граничната контрола со Бугарија и Северна Македонија.

Воспоставени се поефикасни и посистемски процедури, подобра гранична контрола, поуспешна идентификација и регистрација на жителите од трети земји кои ја минуваат границата, поуспешна борба против криумчарење мигранти, трговија со луѓе и борба против други форми на прекуграничен криминал.

Поддршката на ЕУ опфати и повеќе од 5.000 полицајци од шест земји – Австрија, Чешка, Франција, Унгарија, Словачка и Словенија.

Леонета Пајер од Делегацијата на Европската Унија во Србија изјави дека ЕУ се залага за мобилност на луѓето, но за заштита на границите.

-Кога станува збор за заштита на границите, потсетувам дека Србија во декември 2017 година потпиша договор со ЕУ за интегрирано гранично управување во вредност од 28 милиони евра. Целта е да имаме граници кои се отворени за слободно движење на луѓе и стоки, што се контролирани и без нерегуларни активности, во согласност со принципите на ЕУ, кажа Леонета Пајер, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Србија во ефикасно управување со границата.

ЕУ не ја поддржува Србија само во ефикасното управување со границите, бидејќи присуството на мигранти и бегалци значи и постојана грижа за тоа население, во согласност со стандардите на ЕУ.

Затоа ЕУ ќе продолжи да ги поддржува институциите во Србија да обезбедуваат услуги за мигрантите навреме и соодветно, со цел ефикасно и хумано управување со миграцијата, се вели во соопштението.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Не успеа во Партизан, Митровски сега на проба во Полска

Следно

Со помош од мозочен имплант: Парализиран маж ги пишува мислите со точност од 94 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian