Цената на гасот во Европа намалена за 4,5 отсто

1 min read

Цената на гасот во Европа, на отворањето на берзите денеска, се намали за 4,5 отсто поради обновеното транспортирање на гас во Германија преку гасоводот Јамал-Европа и поради плановите за зголемување на транзитот преку Украина до Словачка, покажуваат податоците на берзата ICE.

Цената на декемвриските фјучерси за центарот TTF во Холандија падна под 900 долари за 1.000 кубни метри – на 899,6 долари или 75 евра за MWh (врз основа на тековниот курс EUR/USD, цените на ICE се претставени во евра по MWh).

Синоќа, директните испораки на гас за Германија беа обновени преку гасоводот Јамал-Европа, а до утринава обемот се зголеми за повеќе од двојно.

Дополнително, барањата за транзитна испорака на гас преку Украина до Словачка денеска се зголемија на речиси 83 милиони кубни метри дневно од 75,22 милиони кубни метри испумпани преку станицата за дистрибуција на гас на границите на двете земји во претходните години, покажуваат податоците на словачкиот оператор за пренос на гас Eustream.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како правилно да се ослободите од електричниот и електронски отпад во домот?

Следно

Тројцата пациенти на кои за првпат им беше изведена радиофреквентна абалација се во добра состојба, денеска си одат дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian