Бранко Коцкица со нож тргнал на седница на српското собрание

1 min read

Членот на Градското собрание Бранко Милиќевиќ, познат како Бранко Коцкица, внесе нож во собраниската сала каде денеска се одржуваше седницата на Градското собрание, пренесува српски Блиц.

Ова го „откри“ скенерот на самиот влез во објектот во „Крал Милан“, каде привремено се одржуваат седниците на белградскиот парламент.

Имено, Милиќевиќ, припадник на СНС, како и сите кои присуствувале на седницата, мораат да поминат низ детектор за метал.

Скенерот „свирнал“ додека тој поминувал, а откако бил извршен претрес во неговата чанта, бил пронајден нож.

Како што пишува Новости, тој се сетил дека заборавил да го остави т.н швајцарски армиски нож, кој го предал на обезбедувањето, кое привремено го задржало до крајот на седницата.

Седниците на градскиот парламент веќе извесно време се одржуваат во привремената сала, во поранешниот дом на Народното собрание во Краља Милана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Интервју Мери Акиевска: Ја имав поддршката и за возврат се вратив со четири светски златни титули

Следно

ФОТО | Димитар Узунски за лековитата моќ на Илин Камен: Ги услишува молитвите на жените неротки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian