Џафери: Заев добро направи што не ја поднесе оставката

1 min read

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва во студиото на ТВ21 изјави дека премиерот Зоран Заев може да продолжи да ја извршува својата функција, затоа што сѐ уште не ја поднел оставката во Собранието.

„Господинот Заев нема проблем да се врати, поради фактот што тој нема официјално поднесено оставка, како што тоа го налага Уставот“, рече Џафери, кој додаде дека нема намера да реагира врз база на нешто што било само изјава на телевизија.

Џафери рече дека како член на сегашното парламентарно мнозинство, негова проценка е дека Заев добро направил што не ја поднел оставката.

„Како член на мнозинството, верувам дека неподнесувањето на оставката беше добар потег. Во ситуација во каква што сме, мислам дека добро направи што ја преиспита подготвеноста за оставка која ја изрази на прес-конференцијата“, рече Џафери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сингапур нема да ги покрива трошоците на невакцинираните против ковид во болниците

Следно

Носите ли пижами?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian