За САД е неприфатлива промената на Дејтон- Комшиќ и Џаферовиќ се сретнаа со Ескобар, на ред е Додик

2 mins read

САД нема да прифатат ништо во врска со промените во Дејтон, изјави претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ по средбата со заменик-помошникот државен секретар Габриел Ескобар.

Габриел Ескобар
Габриел Ескобар / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

 

 Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, рече дека главната порака од неговата средба со заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар е дека Соединетите Држави се гарант за безбедноста на Босна и Херцеговина

САД сметаат дека проширувањето на Европската унија (ЕУ) кон Западен Балкан е добредојдено за ЕУ, а не само за нас. Тие сметаат дека треба да се зајакнат пристапните процеси, рече Комшиќ.
Како што изјави на прес-конференцијата, на средбата се разговарало и за зајакнување на судството и борбата против корупцијата и криминалот, за што БиХ секогаш ќе ја има поддршката од САД.

Габриел Ескобар
Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Комшиќ повтори дека на средбата не се зборувало за изборниот закон, нагласувајќи дека Ескобар со ниту еден збор не извршил притисок врз „пробосанската“ страна, но и дека не се споменало за евентуални санкции против одредени политичари во БиХ. .

По средбата со Комшиќ, Ескобар се сретнал и со Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ според кого главната порака од неговата средба со заменик-помошникот државен секретар Габриел Ескобар била дека САД се гарант за безбедноста на Босна и Херцеговина.

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

По средбата со Џаферовиќ, американскиот пратеник се очекува да разговара и со српскиот преставник Милорад Додик, со кого уште пред да се сретнат разменија остри зборови, што навестува дека исходот од сотанокот ќе биде  непредвидлив

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Собранието се чека на следните чекори на власта и опозицијата по најавата за ново мнозинство

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Фустанот на Ејми Вајнхаус од историскиот концерт во Белград продаден за неверојатна сума

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian