ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и Ахмети разговараа за гласањето на доверба на владата на СДСМ и ДУИ

1 min read

И ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ потврди дека денеска имало средба меѓу Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, но велат дека „ништо од она што го кажуваат од ДУИ за средбата не е вистина.“

„Ништо од она што го соопштија од ДУИ како тема на разговор не е вистина. Она што е вистина, е дека на барање на Али Ахмети во Собранието се одржа полчасовна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тема на разговорот беше прашањето за гласање на доверба на владата на СДСМ-ДУИ, за што до собранието се поднесени 61 потпис, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за „Слободен печат“.

Од ДУИ претходно потврдија дека Ахмети и Мицкоски се сретнале, наведувајќи дека средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чудни макети во Кина: Среде пустината Такламакан вежбаат гаѓање носачи на авиони

Следно

НБА лигата препорача кошаркарите, судиите и тренерите да примат и трета вакцина против коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian