ВИДЕО | Таравари: Во новото мнозинство ќе има и пратеници од СДСМ и од ДУИ

2 mins read

Старо-новиот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вели дека опозициските партии во парламентот преговараат и со пратеници од СДСМ и ДУИ за изгласување недоверба на актуелната Влада. Како што изјави тој, разговорите со овие пратеници биле на нивна иницијатива, пренесе „360 степени“.

– Господинот Заев на 31 октомври вечерта најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесирана и нема да има потреба од гласање доверба на Владата. Се надевам дека во новото мнозинство ќе има пратеници на СДСМ и на ДУИ. Ова ви го гарантирам, само не знам дали ќе се оди со недоверба на Владата или Заев денеска ќе даде оставка. Според некои информации што ги имам, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада, изјави денеска Таравари додека тече рокот до 14:30 часот што Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ му го постави на Заев за поднесување на оставката во парламентот.

Според Таравари, евидентно е дека бродот на Заев тоне, СДСМ е целосно поделен и, како што вели, веќе не се знае кој ја води партијата.

– Вчера го слушнавме Ахмети дека е спремен да разговара и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ. Значи, нема нешто против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи цела кампања беше против оваа партија и ова ме радува. Јас мислам дека дефинитивно ДУИ ќе биде во опозиција за две-три недели. Мислам дека ДУИ е канцер на општеството и со нејзино заминување во опозиција се раѓа една надеж, особено кај Албанците. Ние преговараме и со пратеници на СДСМ и на ДУИ, не по наша иницијатива, туку по нивна. Тие побараа да се сретнеме и побараа некои гаранции, вели Таравари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Кинеските космонаути направија шестчасовна „вселенска прошетка“

Следно

Ѓоковиќ во иднина се гледа како тренер: Немам намера знаењето да го однесам во гроб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian