ВИДЕО: Кинеските космонаути направија шестчасовна „вселенска прошетка“

1 min read

Двајца кинески космонаути денеска ја завршија вселенската прошетка пред модулот на вселенска станица која е во изградба , а 41-годишната Ванг Јапинг стана првата жена од Кина која го изведе тој маневар, објавија кинеските државни медиуми.

Принтскрин / Јутјуб

Космонаутот Жаи Џиганг командант на мисијата Шенџоу-13, го отвори излезот на главната кабина на Тианхе вчера во 18:51 часот, а му се придружи и Ванг во вселенската прошетка која траеше шест и пол часа.

Ова беше трета мисија надвор од возилото спроведена за време на изградбата на кинеската вселенска станица и прва од екипажот Шенжу-13.

Принтскрин / Јутјуб

Мисијата ги тестираше функциите на новата генерација вселенски одела скафандери развиени од Кина, координацијата меѓу космонаутите и механичката рака, како и доверливоста и безбедноста на придружната опрема, објавија Кинеските медиуми.

Кина на 16 октомври го лансираше вселенското летало Шенжу-13 со тројца астронаути, а целта на шестмесечната мисија беше изградба на вселенска станица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неделен извештај: Водата во град Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Следно

ВИДЕО | Таравари: Во новото мнозинство ќе има и пратеници од СДСМ и од ДУИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian