ВИДЕО | Џабе милијардите, кога не си Леонардо Ди Каприо: Девојката на Безос се стопи пред актерот

1 min read

Лорен Санчез, девојката на Џеф Безос го стави во незавидна положба со своето однесување, па социјалните мрежи не можеа да одолеат на ситуацијата во која тој се најде.

Што е причината за ова однесување?

Причината е ни помалку ни повеќе, појавувањето на актерот Леонардо Ди Каприо, односно нивната средба во мигот кога таа и Безос го запознаа Лео на 10тата церемонија на уметност и филм во Музејот на уметноста во округот Лос Анџелес.

Лорен се „топеше“ додека разговараше со Леонардо, поприлично приближувајќи му се, како вистинска обожавателка.

Безос како што можете да видите и на видеото, не делува баш дека ужива во глетката.

Коментарите под видеото не стивнуваат, а многу од нив алудираат на тоа дека „џабе е да имаш богат маж, ако нема харизма“ или:

„ Тој може да ги има сите пари на светот, но ниедна девојка нема да го смета за згоден“

„Таа воопшто не изгледа дека Безос и е физички привлечен“

Да бидеме реални, кој би му одолеал на Леонардо Ди Каприо?
 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

НБА лигата препорача кошаркарите, судиите и тренерите да примат и трета вакцина против коронавирус

Следно

ВИДЕО: Пукотница среде црква во САД, херојски потег на свештеник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian