Талог од кафе: не само за замислување желба, туку и за многу други намени

1 min read

Ако сте љубител на кафе, особено на силно турско наутро, немојте да го исфрлате талогот откако ќе го испиете.
Талогот, освен за стискање желби, има и многу други добри, корисни намени.

Па еве што сè можете да направите со вишок талог од кафето.

Одличен пилинг

Не е нешто непознато дека талогот или воопшто зрнцата од кафето што остануваат по секое пиење, се добри како масажа за вашата кожа. Само ставете го талогот во тегла, ставете малку маслиново масло или масло од портокал, и пред секој туш, втријте го на вашата кожа. Освен што ќе имате мазна кожа, ќе мирисате „будно“ и ќе ви биде активирана циркулацијата.

Грижа за цвеќињата

Ако чувате саксиски цвеќиња во домот, потхранете ги со талогот од кафе – ќе им го разубавите и ним денот, а и земјата во која живеат.

Миризливи ќесички за ормар

Во платнени торбички ставете по една лажичка исушен талог од кафе и врзете ги како подароци. Ставете ги помеѓу спакувана облека или плакар во кој чувате зимска облека. Ќе ја заштити од оној застоен мирис и ќе брка молци. Гратис – сè ќе ви мириса на кафе.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковид состојба во регионот: Пад на бројките, вообичаено за понеделник

Следно

„Шармот не се купува“: Девојката на Безос флертуваше со Ди Каприо пред него (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian